Автомобил со македонски регистарски ознаки доцна синоќа се нашол под огнена канонада од автоматско оружке на сред Приштина, а во инцидентот убиено е едно лице кое било во македонското возило.
Неофицијално застрелан е Блерим Даци, кој користел лажни документи на име Блерим Шабани, пишуваат косовските медиуми.
Според информациите на полицијата во текот на оперативните дејствија подалеку од убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените, вмешани во случајот.
Портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи за регионот на Приштина, Флора Ахмети, ја потврди информацијата и соопшти дека имало вооружен инцидент во кој мета бил автомобилот од Македонија.
Инцидентот се случи околу 20:00 часот.