Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во овој споредбен период има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските за 8,3 проценти. Во однос на ноќевањата, зголемувањето кај домашните туристи е за 87,2 отсто, а кај странските за 27,9 проценти.
Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47.167 и од нив 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 странски. Бројот на ноќевањата, пак, изнесувал 117.701 и од нив 52,6 проценти биле од домашните, додека 47,4 од странските туристи.