За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, четири за возач почетник, 17 за непрописно паркирање.
МВР информира дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.