Словенечките метеоролози од Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо) соопштија дека во средата снег паднал во Словенија.
Снимката ја снимиле во Кредарица, една од планинските предели.
– Заладувањето ни ги донесе не само невреме со кое се справувавме изминативе денови, туку и неколку снегулки на планините. Камерата на Кредарица сними краткотрајни пообилни снежни врнежи. Во моментов на највисоката метеоролошка станица е 1 °C – соопшти АРСО.
Во Словенија поради невремето без струја останаа 1.800 корисници од Птуј, Целје и Словенска Бистрица.
Исто така, поради интензивните врнежи зголемена е заматеноста на водата кај изворот на Витање, а на жителите од поширокото подрачје на Целје им се препорачува прво да ја превриваат водата што ја користат за готвење или пиење.