Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за октомври, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За оние кои имаат пензија до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши денеска, а утре ќе се изврши исплата на пензиите со висина од 11.001 до 14.000 денари.
В среда ќе се изврши исплата на пензиите со висина 14.001 до 18.000 денари, а в четврток ќе има исплата на пензии со висина над 18.001 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања