Во судир помеѓу воз и мерцедес едно лице заврши во болницата во Куманово, информира МВР во полицискиот билтен.

– На 24.12.2021 околу 11.20 часот во с.Романовце, кумановско на патен премин кај место викано „Превој“ се случила железничка незгода помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци Ж.С.Трубарево и патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од с.Алашевци, се вели во билтенот.

Возачот на автомобилот е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.