-Задоволен сум од успешноста на реализацијата на проектите во Општина Прилеп и сметам дека во изминативе три ипол години направив многу за градот. Граѓаните секогаш имаат барања до градоначалникот и општинската администрација. Тоа е разбирливо. Некои бараат градинки, други бараат спортски сали, трети бараат патна инфраструктура. Се обидувам на сите да им излезам во пресрет. Со цел да ги довршам незавршените проекти, ќе ја побарам довербата од мојата матична партија, а потоа и од граѓаните, за втор градоначалнички мандат, вели Јованоски.