Заев додаде дека тие се номинирани од општинската организација, но следуваат анкетите и мерењата на рејтинзи кои ќе покажат кој треба да биде кандидатот.
– Во едни такви околности, јас лично би бил среќен ако имаме кандидат Албанец кој би бил фаворит, истакна Заев, додавајќи дека само тогаш може да се инсистира да се оди со сопствениот кандидат.
Во последната анкета на ИРИ за Тетово, потенцираше Заев, води ДУИ со 14 проценти, а СДСМ е на второто место со 12% поддршка кај електоратот.
Заев истакна дека тој ќе застане зад СДСМ на изборите, но ќе се има предвид и коалицијата.