-Европа е кабаетлија, ни должи многу“- порача премиерот Зоран Заев откако деновиве во фокусот повторно се најдоа македонско-бугарските односи и обидите за надминување на спорот, откако португалскиот предлог се најде на масата и во Скопје и во Софија.
Европа е Бугарија и Грција и сите други земји членки на ЕУ. 16,5 години чекаме пред вратите на ЕУ. Во 2001 година, веднаш по Словенија, потпишавме договор за асоцијација и стабилизација, пред Хрватска, а Хрватска еве слави 8 години од членството во ЕУ. Што е многу – многу е. Испорачавме сѐ, нема дилеми ни дома ни надвор – и за делот на реформите, европските манири и за дипломатскиот начин на дијалог и решавање на проблемите. Докажавме и одржавме лекции за целиот европски континент и навистина заслужуваме“, вели Заев. Тој побара поддршка од Бугарија кон Северна Македонија „зашто лесно е да се создадат непријатни состојби, но не е така лесно да се градат пријателства,вели Заев.
Иако не се впушти во прогноза за јунскиот самит, Османи го пофали пристапот на техничката влада во Бугарија нарекувајќи го конструктивен.
Според премиерот Заев, таков бил и вчерашниот телефонски разговор меѓу него и бугарскиот колега Јанев. Биле договорени и конкретни чекори кои треба да го одредат патот кон решението, вели Заев, воедно испраќајќи порака и кон Европската Унија.