Јакимовски потенцира дека Заев нема со што да се пофали затоа што има катастрофа и на локално и на централно нив, нема градоначалник кој го бива, нема нови инвестиции, а најуспешните во овој момент се тие од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата.

– Со што ќе се пофали, ќе каже дека има резултати во здравството? Србија со 9 милиони има 7.000 починати, Македонија со 2 милиони има 5.400 починати. Ќе каже дека имал подобра администрација, а таму е катастрофа. Нема правна држава, нема демократија, нема поголема слобода на медиумите, нема подобар економски стандард, нема отворање на работни места, истакна Јакимовски.

Нагласи и дека Заев и СДСМ се ментална матрица кај која доминира безидејност, некреативност и неспособност, но имаат оговарање, желба за дворски игри, криминал и богатење и затоа нема резултат.