Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски стана татко по втор пат.

Убавата вест тој ја сподели на социјалните мрежи објавувајќи дека добил син.

– Со особена радост сакам да споделам дека вчера, станав татко по втор пат. Михаил доби братче. Нашето семејство е побогато за уште еден син. Благодарност до мојата сопруга Билјана за љубовта, трпението и силата. Му благодариме на Бог за овој благослов, стои во објавата на Велковски.