Запленетата стока се проценува на повеќе од 11 милиони евра.
Првата операција на италијанската финансиска полиција беше насочена кон една веледрогерија во Фиренца, која во огромен магацин чувала повеќе од 16 милиони парчиња медицинска опрема со фалсификувана етикета или без никакви ознаки, се наведува во соопштението.
Опремата вклучувала хируршки маски, шприцеви, игли, облека за здравствени работници и хируршки комплети.
Повеќе од 650.000 хируршки маски биле без ознаки, како и 659 килограми суплементи – додатоци за храна во прав, и 500 000 капсули витамини и хијалуронска киселина.
Вредноста на запленетите предмети е приближно осум милиони евра.
Во втората операција, финансиската полиција запленила над 1,3 милиони хируршки маски од типот FFP2 и KN95, а другите имале кинески и сертификати кои не се од Европа.
Кинеските маски биле наменети за цивилна заштита на Ломбардија, се наведува во второто полициско соопштение во кое е прецизирано дека вредноста на запленетите маски е околу 3,2 милиони евра.