Претставници од повеќе од 50 земји ги започнаа долго најавуваните разговори во американската база Рамштајн, во Германија, за испраќање дополнителна помош за Украина. Повеќе земји вчера соопштија дека на Украина ќе ѝ испратат понапредно оружје.

На состанокот во Рамштајн, преку видео врска се обрати и украинскиот претседател Зеленски, со јасна порака. Им се заблагодари на сојузниците за досегашната помош, но исто така им порача и дека на неговата земја итно ѝ се потребни стотици тенкови.

Зеленски веќе со месеци бара од западните земји да ѝ достават на Украина понапредни тенкови, како американските Абрамс, и високо ценетите германски Леопард 2, но сојузниците засега го одбиваат посочувајќи дека Украинците ја немаат потребната логистика за нивно оперирање и одржување.

Компликациите во случајот со германските Леопард 2, не се од логистичка природа, туку од политичка. Повеќе европски земји во своите армии ги имаат овие германски тенкови, и тие до сега повеќе пати изразија подготвеност да ѝ ги отстапат на Украина, но тоа не може да биде направено без претходна согласност од Берлин, од каде порачаа дека ќе дозволат испраќање на Леопарди во Украина, доколку истото го направат и Американците со своите Абрамси. Вашингтон, од своја страна, одбива да ѝ го испрати на Украина својот најпреден тенк, посочувајќи дека најновиот Абрамс е тежок за одржување и има погон на млазна турбина