Новоизбран студентски правобранител на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е Савче Ѓошева, студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, соопшти денеска Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ).

„Позицијата студентски правобранител постои да ве заштити вас и вашите права кога тие се прекршени!

Во објавата на Инстаграм страната на УСС УКИМ, тие наведуваат „Доколку се случи вашите права да бидат прекршени за време на вашето студирање, без размислување, поднесете жалба на: studentki.pravobranitel.ukim@gmail.com“.

За својата работа, студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на универзитетот.

Извор : Radiomof