Политичарите треба директно да одговараат пред граѓаните, да ги слушаат нивните ставови и да ги прифаќаат и позитивните и негативните критики, порача лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Според него, приоритет на политиката мора да бидат реалните проблеми, подобрувањето на животните услови и обезбедувањето стабилна егзистенција за сите граѓани, а не привилегиите на политичката елита.
„Заврши ерата во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и меѓусебно се натпреваруваа кој ќе летува во поексклузивно одморалиште“, рече Димитриевски пред почетокот на панел-дискусијата „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, одржана во Струмица.
Тој посочи дека е дојдено време за одговорен пристап и транспарентно полагање отчет пред граѓаните. Политичарите, според него, мора непосредно да ги сослушаат сите ставови на народот и отворено да ги прифатат како позитивните така и негативните критики.
Димитриевски во Струмица престојуваше заедно со дел од партиското раководство. Од ЗНАМ посочија дека целта на посетата била преку непосреден разговор со локалното население да се отвори дебата за вистинските потреби на луѓето.
Фокусот на средбите бил насочен кон изнаоѓање начини за подобрување на животните услови и обезбедување стабилна егзистенција за секој граѓанин, а не само за тесниот круг на политичката е
