Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон да преговара за испраќање дополнително оружје во Украина.За време на својата втора посета на САД од почетокот на руската инвазија, Зеленски треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.
„Денес водиме важни преговори во Вашингтон. Воздушната одбрана е едно од главните прашања за Украина. Потребна ни е поголема воздушна одбрана, поголема поддршка за украинските војници на фронтот“, објави Зеленски на Телеграм, осудувајќи го денешниот масовен руски напад врз неколку украинските градови и им се заблагодари на земјите што му обезбедија на Киев противракетни системи.
„Ги соборивме повеќето проектили. Но само повеќето. Не сите. Работиме на целосно лишување на Русија од нејзиниот терористички потенцијал“, додаде тој.