Но кога ќе се погледне бројката на попишани граѓани не може да не се направи споредба со Избирачкиот список. На речси сите избори тој е нешто над еден милион и осумстотини илјади гласачи. Но, бидејќи Македонија е земја на чудата излегува дека секој жител без разлика дали е бебе или малолетен гласа на изборите.
Ако се знае дека бројот на основци е околу 120.000 а на средношколци околу 80.000 тогаш излегува дека во Македонија има 200.000 повеќе гласачи отколку жители.
Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за „Република“ вели дека не може да се прават споредби.
-Избирирачкиот список нема врска со бројот на жители. Не гледам ништо чудно што бројките се слични. Треба да се одземе и бројот на малолетници. Избирачкиот список е поврзан со регистарот на државјани-објаснува Симовски.
Oна што паѓа во очи кога ќе се види бројката од 1.832,696 попишани граѓани е главниот адут на СДСМ кога беше во опозиција е дека за време на режимот 500.000 граѓани се иселиле од државата. Иселувањето беше главна тема на изборите во 2017 година а во знак на протест пред владата се оставаа и чевли кои ги симболизираа иселените.
Бројките покажуваат дека тоа не е точно и оти граѓаните се селат само кога СДСМ е во опозиција, но и дека не се враќаат кога партијата е на власт.
Голем број на граѓани, особено оние кои живеат во згради кои се уште немаат имотни листови се пожалија дека не биле попишани и дека попишувачите воопшто не им тропнале на врата.
Симовски вели дека немаат забележано такви случаи.
Ние не прашуваме дали имаат имотен лист или немаат, или можеби се кираџии-објасни Симовски.