Како што велат, и во 21 век тие се уште немаат канализациска мрежа и покрај бројните досегашни ветувања од политичките гарнитури, ниту, пак, имаат нова водоводна мрежа. Токму затоа во овие тропски летни денови се оставении сами на себе, без вода и притисок.
Од Месната заедница на село Враништа поднесено е барање за инсталација на канализациона мрежа до Општина Струга и до Министерство за транспорт и врски, но немаат повратен одговор.
Исто така, како дел од барањата на ова месно население е и пешачка патека по која ќе може да се движат безбедно со оглед на тоа што регионалниот пат поминува низ самото село, а пристапот е кајно небезбеден
Тие најавија дека протест ќе има и утре (недела) во истиот период.