Скопската Зоолошка градина денеска се огласи со соопштение и потврди дека вчера угинала и последната жирафа.
Скопската Зоолошка градина денеска се огласи со соопштение и потврди дека вчера угинала и последната жирафа, жител на градината.
-Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски. Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот. Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје. За трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе, се вели во соопштението на ЗОО Скопје.
Посочуваат дела законските процедури и постапки се запазени и се во тек.
-Штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност, додаваат од скопската Зоолошка градина.