Јовиќ кој беше и висок функционер во Социјалистичката партија на Србија почина во Военомедицинскиот центар Карабурм каде беше хоспитализиран со воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот.
Беше водач на Социјалистичката партија на Србија – го замени Милошевиќ.
На 15 март 1991 година Јовиќ поднесе оставка откако Претседателството на СФРЈ, како Врховна команда на вооружените сили не го одобри предлогот на Штабот за воведување вонредна состојба во земјата, но српското Народно Собрание не ја прифати неговата оставка.
Оттогаш Јовиќ беше лидер на Социјалистичката партија на Србија од 24 мај 1991 до 24 октомври 1992 година, на местото на Слободан Милошевиќ кој повеќе не можеше да го стори тоа поради уставните ограничувања, откако стана шеф на државата.
Кога Милошевиќ официјално се врати на чело на партијата, Јовиќ стана потпретседател на СПС и остана на функцијата до ноември 1995 година.