Кандидатот за градоначалник, ќерим мамути, пред жителите вети професионално и ефикасно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните.

„Ќе ја ослободиме општината од 12-годишната окупација на ДУИ. Професионалното раководство заедно со администрацијата со мене како градоначалник ќе бидат во служба на граѓаните со искреност и срце, висок морал и сериозност за нивните проблеми со тоа што ќе станеме услужни и ефикасни“, изјави Ќерим Мамути – кандидат за Сарај.

Време е политичките противници да се соочат со нивните измами, порача лидерот на Алтернатива, Гаши.

„Мислам дека 17 – ти октомври е денот кога треба да го вратиме долгот што ни го зема минатата година. Ако не изневерија пред една година, ајде заедно на 17-ти октомври да им вратиме на нив и кажете им дека победата е наша“, нагласи Гаши.