Министерот за здравство Азир Алиу најави реформи во системот на специјализации и субспецијалзиации на медицинските факултет во Скопје, Тетово и Штип. Тој на денешната прес-конфренција ги презентираше новите програми.

За значењето на реформата во медицинското образование на прес-конференцијата зборуваа деканите Медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, проф.д-р Светозар Антовиќ, проф. д-р Невзат Елези и проф. д-р Катерина Златановска, како и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова.

Анализите покажаа дека имаме тесно профилирани специјалисти со ограничена применливост, недоволна практична подготвеност, особено во итната и интензивната медицина, како и сериозен притисок врз терцијарното здравство. Дополнително, постои неусогласеност со современите европски образовни модели. Затоа, примарниот фокус на оваа реформа го ставаме на две клучни области – интерната медицина и општата хирургија. Во делот на интерната медицина, воведуваме засилена практична обука, особено во ургентна медицина и интензивната нега, рече Алиу.

Министерот најави дека наместо шест, специјалзиацијата за општа хирургија ќе трае пет години, а целта е да се создаде флексибилен и функционален хирург со развиени вештини и знаења да одговори на реалните потреби на болниците, особено во внатрешноста на државата.

Нашата цел е образовниот процес да создаде интернист кој може самостојно да управува со комплексни и итни состојби на секундарно ниво, со поширока клиничка подготвеност за состојби во однос на различните органски системи. Во делот на општата хирургија, воведуваме петгодишен, европски усогласен курикулум, со широка хируршка основа и мултисистемски пристап. Го подобруваме системот на тријажа и создаваме основа за понатамошна супспецијализација. Целта е да создадеме флексибилен и функционален хирург, со развиени вештини и знаење да одговори на реалните потреби на болниците, особено во внатрешноста на државата, истакна Алиу.

Ефектите кои се очекува да бидат постигнати за здравствениот систем се подобра достапност на квалитетна здравствена услуга, намалување на упати кон терциерно ниво, подигнување на безбедноста на пациентите и рационализација на човечки ресурси.

Потенцира дека се воведуваат засилени обуки за POCUS – point-of-care ултразвук, како стандардна вештина за секој интернист, а дополнително се дефинираат минимални практични интервенции и се овозможува поголема автономија на специјалистите во нивната секојдневна работа.

Тој појасни дека предвиден е период од 36 месеци односно три години по специјализацијата студентите да можат од стара специјализација да се префрлат на нова програма.

Новиот модел, нагласи министерот, предвидува едногодишни програми за постојните специјалисти, односно нивно усогласување, како и двегодишни програми со стандардна надградба по новите специјализации.

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ кажа дека целта на реформата е да ја осовремант и да ја направат покомпактна и многу попримамлива за колегите.

Што треба тоа да постигне со петгодишната специјалзиација? Треба да постигне да сите установи коишто се на секундарно ниво, своите специјализанти ги праќаат, значи директорите да ги праќаат на општа хирургија и на општа интерна. Да добијат звање општ хирург, односно општ интернист, а не да ги праќаат директно на торакална хирургија, на абдоминална хирургија, нешто што е резервирано секогаш за универзитетски клинички центри. И тоа е една сериозна реформа доколку, вака како што е сега замислена, ја имплементираме во иднина. Тоа ќе овозможи, верувајте, многу подобра здравствена заштита на целата територија на државата, што е во крајна линија и целта на сето ова што го правиме“, изјави проф. д-р Антовиќ.

Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова кажа дека сокторот во Македонија ќе го задржите ако го вработите и ако му дадете да се образува онака како што треба.

Генерално, колегите имаат проблем низ внатрешноста со оние ‘усогласени специјализации’, затоа што законските регулативи го прават ограничен само на една специјализација во одговорноста и во препишување на медикаментозна терапија. Кога ќе се измести таа одговорност и ставен е на Ургентен да прегледува, тој автоматски не го прави тоа соодветно ако дојде пациент од друга област на таа интерна медицина. Интерната медицина и општата хирургија не ја прескокнувам, тие се нешто што е основа на медицината. Затоа инсистиравме тоа да биде нешто каде што сите колеги ќе имаат сериозна основа, за да можат, према потребите на нивните болници, да одат да се надградуваат. Но, основата, она што ние го имавме, постарите генерации, е нешто што секогаш држи: нашите колеги низ внатрешноста да имаат поголема можност, со поширок дијапазон на препишување на лекови и работата да си ја оправдаат. Епидемиолозите, барем ние кога правиме студии, велат дека околу 70 отсто од пациентите се во клинички центри. Па не би требало да е така. Нашите колеги се апсолутно образовани низ внатрешноста и можат да си преземат дел од пациентите со мирна душа, изјави д-р Гривчева-Старделова.