– Јас сум таму четири месеци и ја простудирав работата на ЦУК и целиот систем е организирана дезорганизација. Не може толку да се утнати работите таму. Јас имам одврзани раце за да формирам работна група со професори и луѓе од ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување и да понудам решенија. Пандемијата навистина не успори. Во ЦУК имавме клучни луѓе болни од Ковид, болеста не успорува, но оптимист сум дека во наредните шест месеци ќе ги имаме контурите и доколку не успеам да го средам Центарот, самиот ќе се повлечам, изјави Стојанче Ангелов.