По калкулирање од скоро една година, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска се премисли во врска со договорот за пречистелната станица во Скопје, сега вели таа договорот бил добар. Арсовска на која не и чинеше договорот, која упати низа на критики и обвинувања на адреса на поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински присуствуваше на настанот на кој Македонија доби 70 милиони евра европски пари. Со овие средства од Европската инвестициска банка се заокружија потребните финансии за овој проект во висина од 200 милиони евра.
Прво, се изгуби драгоцено време поради хировите на Арсовска и нејзината потреба да критикува се што чини и е од корист за граѓаните. Второ, Арсовска со нејзините чекори правеше се за да го загрози угледот на Македонија. Но, демантот за кажувањата на градоначалничката стигна токму од европските институции.
„Процесот на набавка беше успешно завршен. Немаше никакви отстапки и имаме зелено свето за потпишување на договорот за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. Во оваа фаза немаме никакви проблеми“, рече Лилијана Павлова, потпретседател на Европската ивестициска банка на вчерашниот настан на кој стигна потврда за доделување на европските пари.
Обвинувањата кои Арсовска ги упатуваше кон поранешниот прв човек на ЈП Водовод и канализација, Перински како за „рачињата во медот“ и паднаа во вода. Таа стави потпис на документ со кој самата спореше. Арсовска со овој чекор покажа дека тогашниот директор Персински ја спроведувал целата постапка според сите меѓународни стандарди.
„Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, во пресрет на одбележување на Светскиот ден на водата, 22 март, присуствуваа на церемонијата за потпишување грант во вредност од 69,784,283 € за изградба на пречистителна станица во Скопје, проект означен како најголем еколошки капитален проект за Скопје“, се вели во објавата на фејсбук страната на Град Скопје.
На однесувањето на Арсовска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата го потпиша договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација. Ќе потсетиме дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДС лажно манипулирајќи дека е криминален“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај изгрдбата на пречистителна станица во Скопје, пречистителни станици планирано е да се изградат и во Тетово, Битола, Велес и Штип. Со ова ќе се покрие 70 отсто од националниот капацитет на води.