Од 11 до 13 јуни Бајден ќе учествува на состанокот на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 во Корнвол, во јужниот дел на Англија, а потоа на 14 јуни на самитот на лидерите на НАТО во Брисел.
Тој во Брисел, исто така, ќе учествува и на самитот САД-ЕУ, на кој ќе зборува за американската посветеност на трансатлантското партнерство, засновано врз заедничките вредности, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Некои западни медиуми објавија дека постојат шпекулации за евентуална средба меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.
Бајден минатата недела му предложи на Путин состанок во текот на летото во некоја трета земја. Руските власти изразија интерес за таквиот предлог, а Финска и Австрија се понудија да бидат земји-домаќини на таа средба.