Американскиот супермодел Бела Хадид го прослави својот 30-ти роденден, одбележувајќи го јубилејот со серија фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, меѓу кои привлече внимание и со позирање во огнено црвено бикини.

За својата роденденска прослава таа избра нежно розов чипкаст мини фустан декориран со црни машнички, кој го комбинираше со впечатливи чизми до колена. Под фустанот манекенката носеше црвено мини бикини, при што на горниот дел беше истакнат бројот 30, додека на задниот дел од долниот дел беше испишано нејзиното лично име.

Прославата започна со организирано патување подалеку од градскиот метеж. Хадид на самиот ден на роденденот беше забележана во Лос Анџелес додека се качуваше во приватен авион во придружба на најмалку десет блиски пријатели. Целата група отпатува на планинска локација, каде што беа организирани свечена вечера и престој во планинска дрвена колиба.

Преку објавите на своите Инстаграм сториња, познатата манекенка ја покажа роденденската атмосфера, вклучувајќи го појадокот, просторијата декорирана со десетици црвени балони, како и трпезариската маса подготвена за вечера со кариран чаршаф, свежо цвеќе и свеќи.

Честитка по повод јубилејот упати и нејзината постара сестра Џиџи Хадид, споделувајќи нивни заеднички фотографии од детството.

„Денес е денот на Бела Хадид. Таа е икона. Таа е легенда. Таа е моја сестра“, напиша Џиџи Хадид.