Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието, по скратена постапка, во второ читање, на предлог на Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди, Никола Мицевски.
Пред Комисијата за образование, наука и спорт се предложените измени и дополнувања на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање, а пред Комисијата за труд и социјална политика законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници.
На дневен ред на Комитет за односи меѓу заедниците е одбележувањето на 20 годишнината на Охридскиот Рамковен договор.