Весникот “New York Times” пренесува, повикувајќи се на својата опширна истрага, дека Мајкл Ларсон кој го води “Cascade Investments” создал “култура на страв” меѓу своите вработени, кои ги малтретирал. Единствена функција на споменатата компанија е да го менаџира богатството на Бил и Мелинда Гејтс, кои сега се разведуваат.
Парот навел дека ќе продолжи да работи во својата филантропска фондација, но не и на бракот. “Продолжуваме да го делиме уверувањето во мисијата на фондацијата и ќе продолжиме заедно да работиме на фондацијата, но повеќе не можеме да се развиваме заедно како пар”, навела Мелинда Гејтс на почетокот на мај.
Во барањето за развод, Мелинда навела дека нивниот брак е “непоправливо уништен” но и рекла дека постои “договор за разделување” кој би можел да реши некои прашања кои овој развод ќе ги предизвика. Парот и покрај тоа не можел да го избегне интересот на медиумите кои сега пишуваат за аферите на Гејтс и врските со Џефри Епстајн.
“New York Tmes” разговарал со бројни вработени во “Cascade Investments” кои тврдат дека Ларсон ги проценува колешките на основа на тоа како изгледаат, дека им покажува на колегите фотографии од голи жени и дека неколку пати имал сексуални и непристојни коментари, како и дека често давал расистички коментари.
“Злоставува други. Кога една колешка кажа дека заминува од компанијата, Ларсон и се одмазди така што ги собори акциите на компанијата во која што сакаше да премине”, рекла една од вработените за весникот.
Портпаролот на “Cascade” навел дека Ларсон е тим менаџер на 380 луѓе и дека биле примени помалку од пет жалби на неговото однесување. “Секоја жалба е испитана и третирана многу сериозни и ниедна не се покажа како основана”, навел портпаролот на компанијата која е позната под името “Инвестиции на Бил и Мелинда Гејтс” или “BMGI”.
Ларсон за “Times” рекол дека обвиненијата дека атмосферата во компанијата е токсична не се фер кон 160-те професионали кои го сочинуваат тимот. Кортни Вејд, портпаролка на Мелинда Гејтс навела дека Мелинда го осудува непочитувањето на лошото однесува на работното место, но дека не била свесна за овие обвиненија и дека нема контрола над “BMGI”.