Министерството за здравство попладнево соопшти дека битката со корона вирусот ја загубиле 33 пациенти од кои најмладиот е на 38-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.
Дванаесет починати пациенти се од Скопје (83г, 82г, 81г, 75г, 74г, 72г, 70г, 70г, 69г, 62г, 43г, 38г), по тројца починати има од Тетово (69г, 60г, 41г) и Кавадарци (78г, 77г, 71г), по двајца од Битола (83г, 65г), Прилеп (73г, 68г) и Ресен (75г, 66г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).
Најголем број нови случаи на заболени има во Скопје (618), по што следуваат Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12 и Пробиштип – 10. Во Дебар, Берово и Свети Николе се регистрирани по 9 нови случаи, во Крива Паланка и Радовиш по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2 и Дојран – 1.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, а на починати е 3.607. Активни се 17.472 лица. Досега се направени 607.956 тестирања.