Вели дека во медицината едноставно не постои 100%, 1+1 не е секогаш два и дека докторите може да укажуваат, советуваат, но не може 100% да гарантираат за било која вакцина. Kако што пишува тој сите вакцини се направени само со една цел, а тоа е да помогнат.
Овие денови добив илјадници прашања за безбедноста на вакцините.Стравот и паниката често го поматуваат паметот. Дали по сите информации, дезинформации, човек може да остане равнодушен. Секако НЕ !!!Дури и ние здравствените работници, користејќи разни „релевантни извори” сме и создаваме дополнителна конфузија. Секоја проверена или непроверена, докажана или недокажана вест, врзана со вакцините се шири како атомска бомба, со далекусежни ефекти. Да, денес е вест за насловна страна само нешто што е поврзано со добро познатиот вирус и вакцините. Се друго е потиснато, невидливо, неинтересно. Во 2019 година 458 Американци, 211 Британци итн. починаа од ПАРАЦЕТАМОЛ !!! Десет пати повеќе завршија со трансплантација на црниот дроб, поради ПАРАЦЕТАМОЛ !!! Податоците за 2020 се уште не се објавени, но сигурно ќе бидат трикратно поголеми, поради интензивниот внес на овој медикамент во текот на епидемијава. АМА, тоа воопшто не може да биде вест за насловната страна. Луѓето не се машини и секоја индивидуа има свои карактеристики. За жал во таа убавина на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина. Во медицината едноставно не постои 100%, 1+1 не е секогаш два. Затоа почитувани мои сограѓани, ние може само да Ви укажуваме, да Ве советуваме, но не може 100% да Ви гарантираме дека било која вакцина, иако сите се направено со само една цел, ДА ПОМОГНАТ, дека ќе Ви создаде имунитет, или дека нема да развиете некое несакано дејство. Сите кои имате различни коморбидитети, напредната возраст, можеби оправдано сте исплашени од вакцинацијата, но барем моето лично мислење е дека треба да сте десет пати повеќе исплашени од инфекцијата. Јас ќе Ви посакам малку СРЕЌА на првите, а многу, многу, многу среќа на вторите кои ќе одлучите да не се вакцинирате, напиша Беќаровски.
ЈАС ДА СИ КАЖАМ (15)
ВАКЦИНАЦИЈА ???
Овие денови добив илјадници прашања за безбедноста на вакцините.
Стравот и…Posted by Bekjarovski Niko on Friday, April 2, 2021