Бројките на заразени се опаднати, но се уште нема конкретна одлука дали ќе биде укината мерката за носење маска на отворено
Одлуките се донесуваат врз основа на бројки и параметри, се анализираат сите достапни податоци, колку хоспитализации има и колку болнички кревети се слободни, се анализира смртноста, односно колкав е процентот на морбидитет во период од 14 дена – вели за „Слободен печат“ д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Епидемиологот д-р , до неодамна директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, вели дека носењето маска на отворено нема ефект, бидејќи вирусот се пренесува доколку имате контакт со заразено лице подолго од 15 минути и тоа на растојание од 1,5 метар.
Одлуката да се носат маски на отворено беше донесена повеќе во контекст на стекнување навика кај граѓаните. Мое лично мислење е дека треба да се предложи укинување на оваа мерка. Ако се разминете со некој заразен на улица минимални се шансите да ве зарази. И бројките го дозволуваат тоа, затоа што секојдневно бележат континуиран пад. Неприфатливо е тоа што од граѓаните се бара да носат маски и на Водно кога пешачат или кога шетаат на Кеј на Вардар. Сепак, за во затворените објекти, кино-сали, автобуси, продавници, носењето маска треба да биде задолжително – вели Стојанов.
Мерките на Комисијата за заразни болести важат до 1 јуни и предвидуваат забрана за движење на населението од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти смеат да работат до 23:30 часот.