Скопската градоначалничка Данела Арсовска и претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови и не успеа да влезе во Собранието. Во Изборната единица 1, каде Арсовска беше носителка на листата и која ги вклучува скопските општини, таа освои 1.571 глас. Во двојката, каде влегуваат и скопските општини Ѓорче Петров и Сарај, а носител беше нејзиниот најблизок соработник Драги Митковски, партијата доби 1.109 гласови. Нова Алтернатива имаше листи и во третата и во четвртата Изборна единица каде освои 410 гласови односно 348 гласови, соодветно.
Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите за парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места, коалицијата на ДУИ 19 пратеници, СДСМ има 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 6 пратеници.
Но локалните избори во 2021, кога Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и во трката за Скопје го победи тогашниот градоначалник Петре Шилегов, во првиот круг освои 86.698 гласови, а во вториот 118.749.
Арсовска нецела година после изборите се скара со ВМРО-ДПМНЕ, но тврдеше дека има легитимитет да биде градоначалничка на Скопје бидејќи голем дел од гласовите на изборите ги добила токму таа, а не партијата.
Арсовска во јануари годинава беше промовирана како нова претседателка на Нова Алтернатива и тогаш најави дека ќе настапат со свои листи на парламентарните избори.
Извор: СДК