Дел од корисниците во Општина Карпош утре, 23 септември 2026 година, ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ број 10, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато за корисниците од улицата „Мексичка“, како и од делови од улиците „Варшавска“, „Хелсиншки“, „Ташкенска“, „Хаванска“ и „Париска“.
Прекинот ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности.
