На конференцијата во поздравен говор на присутните ќе им се обрати претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри, соопштија од Собранието.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од регионалното истражување на јавното мислење и резултати од економската анализа на иницијативата Отворен Балкан, а ќе се одржи и Панел на бизнисмени за економските ефекти од Отворени Балкан.

Организатори на Конференцијата се Народното Собрание на Србија, Конгресот на српско-американското пријателство, независната меѓународна истражувачка мрежа East West Bridge (ЕВБ).

Главен модератор ќе биде Јован Ковачиќ, претседател и основач на ЕВБ и Член на Извршниот комитет на Трилатерална комисија и претседател на српската група на Трилатералната комисија.