Вардаровата легенда Кочо Димитровски даде изјава за „Фокус“ и не го криеше неговото разочарување поради ситуацијата во македонскиот тим..

-Ова што се случи е срам за клубот. Срам ми е што сум бил дел од ваков еден гигант. Виновници за оваа ситуација се само луѓето кои го водат клубот, а не играчите или тренерите. Како може Вардар тоа да си го дозволи? И многу поголеми клубови испаѓале во понизок ранг, но се враќале брзо. Вардар направи грешка со фузијата со Миравци. Без пари никој не игра, а со деца од 17-18 години не може да се натпреварувате цела сезона против најсилните, вели Димитровски за „Фокус“.

Димитровски спас за тимот гледа само во доаѓање на некој шеик, кој ќе сака да ги врати долговите на тимот.

-Единствен спас е во клубот да дојде некој шеик, да ги подмири сите долгови и да го врати Вардар на правилен пат. Да дојдат да работат домаќини луѓе, а не апаши и багабонти, изјави Димитровски за Фокус.