Македонија загуби 2:1 (0:0) од Чешка во Храдец Карлов, во натпревар кој за домашната селекција беше генералка пред стартот на Европското првенство. Чесите до победата дојдоа со два гола, од сомнителни пенали, вториот досуден во 98.минута.
Македонската репрезентација беше инфериорна во текот на целиот натпревар, но не заслужи пораз.
Чесите апсолутно издоминираа во првото полувреме, иамаа неколку шанси, а најзериозната не ја искористи Цоуфал во 19.минута. Димитиревски лошо реагираше ја испушти токата, Чоуфал биеше на прва, но Муслиу го блокираше неговиот удар. Македонија за 45 минути еднаш се закани, преку Алими чии удар беше непрецизен.
Ситуацијата на теренот не се смени ниту во второто полувреме. Чесите ја конторлираа играта, а Македонија беше насочена кон одбрана на сопствениот гол.
Во 60 минута Чесите постигнаа гол од пенал, стрелец беше Шик. На пеналот му претходеше сомнителна ситуација, во борба за позиција Соучек падна на тревата, за судијата од Словачка доволно да покаже на бечата точка.
Шест минути подоцна Македонија изедначи од најдобрата акција на овој меч. Елмаз го проигра Трајковски, кој од 23-24 метри упати прецизен удар во спротивниот агол, топката од дирекот се одби на главата на Алими кој го постигна деби голот за националниот тим.
Во продолжение Чесите имаа две можности, Соучек од добра позиција биеше над голот, а во финишот волејот на Лингр заврши грај голот.
И кога судијата се подготвуваше да означи крај, судијата досуди уште еден пенал по дуелот меѓу Велкоски и Читл, впечаток е дека македонскиот репрезентативец немаше контакт со противникот.
Конечниот резултат го постави Барак.
Извор: ТопСпорт