СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Бујар Османи, две години тврдеа дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, иако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа нема да е случај. СДС лажеше свесно.

Тоа што сите го знаеја и на кое предупредувавме, сега го кажаа и од самата Бугарија. Уставните измени не се последното барање!

Министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно кажа дека уставните измени нема да бидат последно барање.

Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и промислената и државничка политика, СДС ќе ја заглавеше државата.

СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства, стои во партиското соопштение.

 

 

Извор: Republika