Сообраќајката се случила меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.А.(48) од гостиварското село Врапчиште и „Рено Клио“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Л.Б(.54) од село Колибари, Кичевско.
-При оваа сообраќајка, со тешки телесни повреди се здобил возачот на реното Л.Б., додека со нешто полесни повреди се здобил С.Б.(43) од Кичево, сопатник во возилото „БМВ“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица од Кичево-информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.