– Марко Кавалери, шеф на вакцинацијата во Европската агенција за лекови, изјави за весникот дека е утврдена поврзаност со вакцината на Астра Зенека, но дека сѐ уште не е јасно на што се должи таа поврзаност и како се случува. Агенцијата продолжува да истражува, изјави тој.
На редовниот брифинг на Европската Комисија попладнево, портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер, изјави дека е запознаен со интервјуто на Кавалери.
– Оваа поврзаност е во тек на истражување од страна на Европската агенција на лекови, минатата недела имаше соопштение, оваа недела ќе се одржи комитет и агенцијата продолжува да го анализира прашањето и чекаме да се произнесат за евентуалната поврзаност, изјави портпаролот.
Европската Комисија ја охрабрува ЕМА да биде достапна и транспарентна пред медиумите и граѓаните.