Сатиричен текст

Артан Груби, лице кое е под меѓународна потерница за криминални активности поврзани со македонската лотарија и човек кој се најде на црната листа на САД за поткуп и мешање во судството, избегал од Балканот и сега е дел од руските воени сили, според најновите извори.

Бегство преку Истанбул до Москва

Груби, кој е познат како клучен играч во неколку високопрофилни случаи на корупција, не е пронајден ниту во Косово ниту во Албанија. Според извори, тој го напуштил Балканот преку Истанбул, од каде продолжил со лет за Москва. Во руската престолнина, Груби наводно потпишал договор за приклучување кон руската армија.

Дводневна обука и фронтовска служба

По само два дена воена обука, Груби бил распореден во областа Курск, каде заедно со севернокорејските трупи се бори против украинските сили. Извори блиски до ситуацијата велат дека Груби е воен новајлија кој се надева на нов почеток преку овој ангажман.

Одредени војници потврдуваат дека има големи амбиции да го замени Пригожин и формира своја приватна воена компанија.

Името на оваа компанија би требало да се вика NEPTUN LOTTERY

Тој веднаш се зближил со српските доброволци, а велат дека бил голем љубител на добра ракија.

Политички азил и ветено руско државјанство

Во замена за шестмесечна служба во руските воени редови, на Груби му било ветено руско државјанство. За сега, тој добил политички азил, но дополнителни поволности ќе следуваат по успешното завршување на договорениот период.


Оваа вест е целосно измислена и има сатирична цел. Ниту еден дел од текстот не се заснова на вистинити настани, освен фактот дека Груби е во бегство и дека е вмешан во доста корупциски скандали. Ваквиот пристап служи за забавни или илустративни цели и не претставува факт или реалност.