Фудбалската федерација на Македонија по реакцијата на јавноста и бројните несогласувања со новиот дрес изработен за ЕВРО 2020 се одлучи македонската репрезентација на престојното Европско првенство да настапува во досегашните дресови промовирани во 2016 година со апликацијата на македонското знаме на предната страна.
-Фудбалот се игра за фановите– напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на официјалниот фејсбук профил, алудирајќи дека едноставно федерација сака да го испочитува мислењето на комплетната јавност.