Не можат да се помират со тоа што нив ги нема н ЕП или тоа им е чипот. Грчките ботови деновиве ги „масакрираа“ социјалните страници на ФФМ и тоа во деновите кога од нивни официјални институции имаа барања против логото на ФФМ, против коментаторите на МТВ и уште еден куп работи. Прво ги „патосираше“ УЕФА а потоа и нашиот министер Бујар Османи.
Но тоа не беше доволно. Нападот на ФБ страницата на ФФМ сеуште трае:
-Илјадници пораки од ботови од Грција ни доаѓаат деновиве. Само вчера избришавме околу 5-6.000 непристојни пораки, вели за „Спортмедија“ Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.
Ова не е првпат да ни се случуваат вакви работи. Грците покрај социјалните мрежи на ФФМ ги нападнаа и оние од УЕФА.