Копното и островот ќе бидат поврзани со бајпас, тунели и подземна железница, а одобрувањето на данскиот парламент значи дека островот, со вкупна површина од 2,6 квадратни километри, би можел да започне да се гради кон крајот на оваа година.
Активистите за заштита на животната средина се противат на изградбата на Линетехолм затоа што стравуваат дека проектот може да има негативно влијание врз природата.
Според плановите, Линетехолм би бил опкружен со брана што ќе го заштити пристаништето Копенхаген од зголемувањето на нивото на морето и невремето. Доколку се следи предложениот план за имплементација на проектот, темелите на островот треба да бидат поставени до 2035 година, а тој ќе биде завршен до 2070 година.
Активистите за заштита на животната средина поднесоа тужба против проектот Линетехолм до Судот на ЕУ во Луксембург. Една проценка на влијанието врз животната средина сугерира дека 350 камиони полни со суровини би минувале низ Копенхаген секој ден за време на изградбата на островот.