Сите се чудат, 7-ми април, а надвор паѓа снег.
Во текот на ноќта, Западна Србија ја зафати снежна покривка, а во планинските села во општина Ивањица, падна дури 40 сантиметри снег. Додека во градските подрачја снегот е со висина од 15 сантиметри.
Утро студено и облачно, над поголемиот дел од Србија со повремен снег, во пониските области со помалку снежна покривка и во планинските подрачја со зголемена длабочина на снег.
Во Србија утрово е студено и ведро време над поголемиот дел од земјата, со слаб мраз, а во текот на денот облаците од север и запад ќе се шират на целата земја, предизвикувајќи дожд во пониските региони и лапавица и снег во повисоките места, информираат од Републички хидрометеоролошки институт на Србија (РХЗС).