Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска истакна дека Париз мора да пронајде алтернатива за руската нафта.
Тој посочи дека Франција преговара со Обединети Арапски Емирати за замена за купувањето на руска нафта.
– Постојат разговори со ОАЕ. Мораме да најдеме алтернатива за руската нафта, изјави Ле Мер за радио Европа 1.