Станува збор за веројатно најважниот политички проект на претседателот Макрон – зголемувањето на старосната граница за пензионирање. Синдикатите говорат за „брутален“ проект. Планирани се протести ширум Франција.

Како што соопштија француските медиуми, бројот на учесници на протестот би можел да биде од 550.000 до 750.000 ширум земјата на 221 протест.

Француската разузнувачка служба стравува од насилство, а според прогнозите во Париз ќе се соберат од 50.000 до 80.000 луѓе.

Властите, исто така, очекуваат дека 200 до 400 радикални поединци ќе предизвикаат насилство во главниот град, се наведува во соопштението од разузнувачките агенции.

Синдикатите кои ја претставуваат полицијата, исто така, ќе учествуваат на протестите, а “Жолтите елеци” би можеле да се обидат да предизвикаат немири.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, изјави дека над 10.000 полицајци, вклучувајќи 3.500 само во Париз, ќе бидат ангажирани за да пружат безбедност.

Тој додаде оти, според разузнувачките информации, група од 1.000 луѓе во Париз веројатно ќе предизвикаат насилство, вклучувајќи ги „членовите на крајната десница“, како и „Жолтите елеци“.