Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ не е во посакуваната форма и ритам, а нова потврда за тоа добивме денеска на „Српска Опен“ каде носителот број еден доживеа шокантен пораз од сонародникот Душан Лајовиќ, пренесе Дерби.

Ноле не се прослави на Мастерсот во Монте Карло за да потоа во првиот настап во Бања Лука со многу пот, труд едвај се справи со тинејџерот Лук Ван Аш.

Попладнево пак немаше решение за Лајовиќ кој во два сета дојде до најголемата победа во кариерата. Првиот сет по голема борба заврши со 6-4 за Душан, додека во вториот беше уште понеизвесно, се дојде до тај-брејк во кој фаворитот водеше со 6-3, но потоа Лајовиќ освои пет поени во низа и со 8-6 го затвори мечот.