8 Март е симбол на силата, љубовта и пожртвуваноста на жените. Во пресрет на овој значаен ден, започнуваме мерка со која финансиската поддршка за новороденчињата се зголемува двојно – од 6.000 на 12.000 денари. Дополнително, за првпат воведуваме пакет со основни производи за мајките и бебињата, кои ќе помогнат во првите денови од мајчинството“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека оваа иницијатива е дел од посветената грижа на општината за семејствата, додавајќи дека секое новороденче заслужува максимална поддршка и внимание.

Јавно-приватно партнерство за подобра социјална грижа

Проектот е поддржан од компанијата „Мако Маркет“, која преку својата општествена одговорност помогна во реализацијата на оваа мерка.

„Со оваа соработка обезбедивме континуирано спроведување на иницијативата во текот на целата година. Оваа програма ја посветуваме на сите мајки, ќерки, баби, сестри – жените кои се движечка сила на нашето општество“, додаде Ѓорѓиевски.

Пример за финансиската поддршка на семејствата

Со оваа нова мерка, Општина Кисела Вода испраќа јасна порака за грижата кон младите семејства и нивната иднина. Зголемувањето на финансиската поддршка и доделувањето на пакетите за новороденчиња се чекори кон подобрување на животниот стандард на младите родители, со што оваа општина се позиционира како позитивен пример во социјалната политика на локално ниво.

Извор: Kurir