Инспекцијата на Општина Аеродром денес започна со ослободување на јавните површини преку подигнување на хаварисаните возила, информираат во Фејсбук групата Општина Аеродром – Граѓанска патрола.
– Го поздравуваме овој потег и ја поддржуваме акцијата, затоа што освен што го нагрдуваат ликот на општината, хаварисаните возила претставуваат безбедносен ризик и сериозно ги оптеретуваат паркинзите, кои и онака имаат мал капацитет. Да продолжиме со мапирање на локации со хаварисани возила низ Аеродром, која потоа би ја доставиле на увид до службите за понатамошно процесирање.
Од таму бараат во коментар „да испраќате СЛИКИ и ЛОКАЦИИ (Google Maps или пишана адреса), како би имале што подетална и успешна чистка. Што помасовни, толку поголема успешност!“
Но, на официјалната страница на Општина Аеродром, оваа информација ја нема.
