Македонија се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Итернешнел. Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала две места во споредба со минатогодишното рангирање.
Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен, а главните причини се недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција ги поткопува напорите во вистинска насока на властите.
Македонија се наоѓа на 85-то место на листата. Со добиени вкупно 40 поени, од можни 100, Македонија е на иста позиција во однос на перцепција на корупција со Гвајана, Индија, Малдиви, Суринам и Тунис.
Од земјите во регионот, подобро рангирани од нашата земја се Словенија – 41-то место, Грција – 51, Хрватска – 57, Црна Гора- 65 и Косово – 84, додека Србија и Албанија се полошо рангирани и се наоѓат на 101-во место.
На врвот на листата како најмалку корумпирани се наоѓаат Данска, Финска и Нов Зеланд.